Финансиски консалтинг
Како член на Baker Tilly International, ние нудиме високо квалитетни услуги кои се придржуваат до највисоките стандарди за назависност и етика.
Длабинска анализа (Due Diligence)
Финансиската длабинска анализа (Financial Due Diligence) е детална финансиска процена на тековната финансиска состојба на компанијата, која ја вклучува и можноста за генерирање профит во блиска иднина. Во однос на длабинската анализа, различни финансиски аспекти на бизнисот се предмет на проверка, односно, средства и обврски, приходи и расходи, побарувања и обврски, банкарски долгови, финансиска контрола и системот на планирање, интегритетот на менаџментот и квалитетот на известувањето. Длабинската анализа става акцент на невообичаени и некарактеристични бизнис трансакции, ги анализира трансакциите со поврзаните страни и нивното влијание на финансиското работење. Особено внимание се дава на паричните средства и ликвидноста на тековните операции, како и на различни фактори кои влијаат на генерирањето готовина во тековниот период и во блиска иднина. Во пракса, процедурите кои се спроведуваат во врска со длабинската анализа се однесуваат на последните 3 години (историски податоци) и за наредните 2 години (предвидување). Понатака, анализите се однесуваат на бизнис планот, проекциите за продажба и профит – сите во контекст на тековните оперативни индикации.
Преку нашата експертиза и искуство, помагаме во следното:
- Проверка на билансот на состојба (средствата и обврските)
- Идентификување на критичните бизнис точки, анализа на трендови и анализа на критичните ризици на организацијата
- Проценка на целите на компанијата и идентификување на соодветноста на сметководствените политики
Даночна длабинска анализа (Tax Due Diligence) – форма на длабинска анализа која примарно се однесува на даноците на компанијата. Опсегот на работа на даночната длабинска анализа ги опфаќа даночните оптоварувања, основните даночни обврски и односите со даночните власти. Усогласувањата со даночните закони и регулативи се измерени според износот и датумот за доставување на даночните пријави, како и ризиците поврзани со придонесите и персоналниот данок од плати. Даночните анализи може да бидат спроведени и за специфична бизнис ситуација (пр. дел од даночната длабинска анализа) или да се спроведе во генерална форма, како даночен консалтинг. Во двата случаи, најзначаен резултат од длабинската анализа е свесноста на Клиентот за постоечките даночни ризици и процесот на носење одлуки во согласност со даночната регулатива.
Трансферни цени
Трансферните цени се однесуваат на контрола на цените помеѓу поврзани страни и помеѓу договорните страни од ниско-даночни јурисдикции.
Основен принцип на трансферните цени е тоа дека треба да бидат контролирани трансакции кои одговараат со нивото на цени помеѓу независни компании, споредливи со пазарните цени. Оправданоста на нивото на цените во трансакциите вклучува аналитички процедури, кои бараат специфични инструменти.
Улогата на Бакер Тили Јоанидис, во проектите поврзани со трансферните цени се следни:
- Одредување на тековните и потенцијални контролирани трансакции
- Проценка на ризиците и обезбедување препораки за нивно намалување
- Спроведување на сите потребни аналитички процедури на суштинско ниво на цени во контролирани трансакции
- Подготовка на документација за трансферни цени
- Поддршка во комуникацијата со надлежните власти
Спојување и стекнување
Нашите стручни лица имаат познавања и искуство за да ги советуваат корпоративните и приватните инвеститори во секоја фаза од спојувањето и стекнувањето. Ние им помагаме на клиентите да воспостават соодветни растечки стратегии поврзани со нивните цели, и со тоа да бидат подготвени да ги капитализираат можностите во текот на спојувањето, стекнувањето или отуѓувањето. Од стратегија и анализа, до краен резултат, ние препорачување воспоставување на стратегии и решенија кои ќе помогнат во обезбедување доверба и поддршка на клиентите за постигнување на нивните цели.
Нашиот тим е достапен за обезбедување на услугите поврзани со спојување и стекнување.
Проценка
Со донесување на Законот за процена и неговите измени и дополненија (Службен Весник на РМ бр.115/2010, 158/2011, 185/2011, 51/2012 и 64/2012) се регулира и областа во делот на процените. Процената на пазарната вредност на предметот на процена, според овој закон, се врши на начин пропишан со методологија, правила и стандарди за процена кои ги вклучуваат меѓународните стандарди за процена на вредноста, како и други закони со кои се регулира проценувањето на вредноста на различни форми на сопственост и прописите донесени врз основа на нив.
Согласно Законот за процена, процени се вршат во следниве области:
- Трговско друштво, јавно претпријатие и други правни лица
- Недвижен имот
- Подвижен имот
- Побарувања и обврски
- Машини и опрема
- Транспортни средства
- Земјоделство, шумарство и водостопанство
- Индустриска сопственост
- Авторски права и сродни права
- Заштита на животната средина
- Информатичка технологија
- Полициска и воена опрема и
- Други области утврдени со закон.
Процената се врши во следните случаи:
- Пренос на правото на сопственост
- Определување на вредноста на капитал во случаи во кои доаѓа до промена на вредноста и структурата на капиталот и при статусни измени
- Стечајна постапка и ликвидација
- При финансирање и подигање на хипотекарен и заложен кредит
- Пребивање на побарување
- Постапка за експропријација
- Оданочување со даноци на имот
- Инвеститорски консалтинг и
- Во други случаи предвидени со закон.
Процена може да врши физичко лице – трговец поединец и друштво за процена, кое е регистрирано согласно Законот за трговските друштва за вршење на процена и му е издадена лиценца за процена и е запишано во соодветен регистар за овластени проценувачи.