Контролинг услуги

Како член на Baker Tilly International, ние нудиме високо квалитетни услуги кои се придржуваат до највисоките стандарди за назависност и етика.

Во денешното бизнис опкружување, планирањето и буџетирањето се на врвот на агендата. Бизнисот континуирано се развива и адаптира за да ги задоволи можностите кои ги нудат новите технологии, новите бизнис процеси, новите финансиски инструменти и промената на регулативите.

Денес, ефективните контроли вклучуваат:

  • Експертиза за бизнисот, индустријата, усогласувањето и контролинг – операциите
  • Ресурси со проaктивно однесување, комункациски вештини, тимско однесување, аналитички дух, автономија, флексибилност, менаџмент вештини
  • размислување за резултати, вештини за олеснување
  • Процес на подобрување, оперативна ефикасност
  • Имплементација на аналитика, процесирање на голема база на податоци, известување и контролирање, иновативни решенија

Нашата понуда, покрива голем број услуги кои помагаат во максимизирање на ефективноста и точноста на контролингот:

  • Управување со вашиот контролинг
  • Справување со намален кадар
  • Зголемување на перформансите на тимот преку додавање на експертиза за контролинг
  • Оптимизирање на ефективноста на контролингот
  • Привремено снабдување со менаџмент ресурси и вештини за управување со контролите