Надворешни услуги

Како член на Baker Tilly International, ние нудиме високо квалитетни услуги кои се придржуваат до највисоките стандарди за назависност и етика.

Сметководство и даноци

Бакер Тили Јоанидис обезбедува сметководствена и даночна поддршка. Соодветното книговодство е повеќе од законска обврска. Тоа е неопходно бидејќи обезбедува реална слика за финансиската состојба на компанијата. Внимателно чуваната и одржувана администрација, обезбедува вредни информации и увид во компанијата. Без точна евиденција, добро управување со една компанија не е возможно. Управувањето со компанијата е поддржано од сметководството, даноците и правниот аспект, вклучувајќи ги и потребните извештаи. Ние ги правиме даночните пријави и ви помагаме околу даночните прашања. Исто така ќе ве водиме низ постапката кога би имало даночна инспекција.

Што можеме да ви понудиме?

СМЕТКОВОДСТВО – Дневни податоци, главна книга, книга на влезните и излезни фактури, благајничка книга, салдо за состојбата со купувачи и добавувачи.

КОМПЛЕТ НА ДАНОЧНИ И СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПРЕСМЕТКИ

  • Составување на финансиски извештаи за компании и финансиски институции:
    • Биланс на состојба
    • Биланс на успех
    • Извештај за готовински текови
    • Извештај за промена на капиталот
  • Објаснувачки белешки
  • Пресметка на амортизација
  • Пресметка на данок на доход
  • Пресметка на персонален данок
  • Пресметка на данок на додадена вредност

ЦЕЛОСНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИ

  • Пријава и одјава на вработени
  • Пресметка на плата
  • Информирање на релевантни институции за платата
  • Подготовка и издавање на исплатни листи

МАТЕРИЈАЛНО СМЕТКОВОДСТВО