Ревизија и уверување
Како член на Baker Tilly International, ние нудиме високо квалитетни ревизорски услуги кои се придржуваат до највисоките стандарди за назависност и етика.
Како резултат на нашето долгогодишно искуство, ние имаме развиено методологија на работа која се заснова на тимска работа и интензивна употреба на нова технологија. Нашиот пристап е фокусиран на темелно разбирање на потребите на клиентите и идентификување на приоритетните области по откривање на ризикот.
Според Законот за ревизија, ревизијата претставува независно испитување (независна проверка) на финансиските извештаи или консолидирани финансиски извештаи, за кои ревизорот искажува мислење за веродостојноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со прифатливата рамка за финансиско известување.
Кој може да врши ревизија?
Според Законот за ревизија, во Република Македонија, ревизија може да врши секоја ревизорска компанија која поседува лиценца за ревизија и основана како трговско друштво или трговец поединец во согласност со Законот за ревизија и Законот за трговски друштва.
Кои компании се обврзани да прават ревизија на финансиски извештаи?
Според член 478 од Законот за трговски друштва, следните претпријатија мора да бидат предмет на ревизија: големи и средни компании кои се акционерски друштва или со ограничена одговорност.
Исто така, законска ревизија се споменува и во други области, како што се:
- Ревизија на консолидирани финансиски извештаи
- Ревизија на барање на партнерите
- Ревизија кога е основано ново акционерско друштво
- Ревизија на друштво со ограничена одговорност, кога капиталот расте над резервите
- Ревизија на акционерски друштва, кога нивниот капитал се зголемува заедно со порастот средствата на компанијата
- Ревизија на договори за поделба на компании
Други услуги за уверување
Во согласност со барањата и потребите на клиентите, Бакер Тили Јоанидис нуди други услуги за уверување како што се:
- Ангажмани за контрола на финансиските извештаи
- Ангажмани за уверување
- Ангажмани за аналитички процедури