Ние сме Бакер Тили

Бакер Тили Јоанидис е член на Бакер Тили Интернационал, глобална мрежа на независни сметководствени и советодавни фирми, рангирана на 9-то место во светот, чии членки ја споделуваат својата посветеност во обезбедување на исклучителни услуги на своите клиенти. Интернационалната мрежа ни овозможува значителен глобален досег покрај значителното национално присуство.

На ниво на мрежа соработуваме со цел да ги искористиме нашите вештини, ресурси и локална експертиза во насока да им помогнеме на нашите клиенти да растат на локално, но и на светско ниво. Мрежата се состои од 43,000 луѓе низ 658 канцеларии на 141 територии. Седиштето е во Лондон.

Како независни членки на Бакер Тили Интернационал, ние сме посветени да ја обезбедиме најдобрата можна услуга на своите клиенти во Република Северна Македонија користејќи го нашето знаење, искуство, и глобалните ресурси на Бакер Тили Интернационал. Бакер Тили Јоанидис бележи голем успех во обезбедувањето на услуги како што се ревизија и уверување, трансферни цени, длабинска анализа, сметководство, плата, даночни услуги, итн.

Побарај понуда